Кралицата Елизабета умира од рак?

Британската кралица Елизабета има 93 години и е една од најдолговечните владетелки во светот. Бидејќи со своите години спаѓа во најризичната категорија на граѓани загрозени од коронавирусот,таа во моментот се наоѓа во изолација во дворецот Виндзор и апстинира од сите кралски појавувања во јавност. Тој факт повторно покрена низа шпекулации кои започнаа уште пред една година, дека кралицата има леукемија, т.е.рак на крвта и дека полека умира.

Оваа вест најпрво ја објави списанието National Enquirer кон крајот на март минатата година, тврдејќи дека Бакингемската палата е во хаос заради тајната дијагноза на кралицата. Како доказ приложена е фотографија на која се гледа голема модринка на нејзината дланка, а извор близок до кралското семејство открил дека дијагнозата леукемија се држи во најголема тајна за да не се крева паника во јавноста.

”Со оглед на нејзините години, никој не верува дека и останува многу време”, изјавил изворот и укажал на медицински факт дека модринките ако не се последица на физичка повреда можат да укажуваат на симптоми на леукемија. Но “инсајдерот”сепак не можел со сигурност да потврди дали модринките на кралицата се последица од незгода.

Кралицата во изминатата година најнормално ги извршувала сите кралски должности и појавувања во јавност и не покажувала никакви знаци на слабост. Напротив, секогаш оставала впечаток на виталност, што фрла светло на списанието кое минатата година напишало дека кралицата умира и дека 37 годишниот принц Вилијам ќе биде именуван за наследник, наместо 71 годишниот принц Чарлс, кој по закон е прв во редот за престолот по кралицата.

Scroll to Top