Кралицата му нареди на Чарлс да се разведе од Камила

Британскиот магазин „Глоуб“ пишува дека кралицата Елизабета му наредила на принцот Чарлс да се разведе од Камила. Ова, наводно, се случило неколку дена пред нивната 15-годишнина од брак. Веста за тоа дека кралицата не е среќна што Чарлс е во брак со Камила ја споделија уште неколку британски медиуми.

„Кралицата го изгуби трпението на стари денови. Таа никогаш не ја сакала Камила, исто како ни Дијана. Па затоа сега сака Чарлс да ја остави по секоја цена. Елизабета сака да се ослободи од сите семејни скандали пред да умре, а врската на нејзиниот син со Камила, со која се гледал и додека беше во брак со Дијана, беше и останува контроверзна“, рекол извор од кралскиот двор.

Истиот извор додал дека војвотката од Корнвол „нема да се предаде без борба“ и нема да му дозволи на Чарлс да потпадне под вијанието на мајка му.

„Во случај на развод, таа ќе бара отштета од 180 милиони фунти. Камила исто така рече дека во овој случај ќе бара сите детали за разводот да бидат достапни за јавноста, што е нешто што круната сака да го избегне по секоја цена“, додал изворот.

Scroll to Top