Кралски правила што не смее да ги прекрши ни кралицата Елизабета

Во Британија никој не е над законот, па дури и членовите на кралското семејство, ниту кралицата Елизабета. За разлика од другите кралски семејства во светот, британското освен правните, има одредено и свои правила до кои буквално сите мора да се придржуваат.

Кралското семејство не може да гласа

Причината поради која кралското семејство нема право да гласа е токму тоа што ако гласаат и покажат кој е нивниот фаворит, наскоро таа личност би можела да има многу симпатии во цела Британија.

Не смеат да играат Монопол

Принцот Ендру е првиот кој на еден јавен настан призна дека на членовите на кралското семејство не им е дозволено да ја играат оваа друштвена игра.

Нивната облека не смее да испраќа нејасни пораки

Од членовите на кралското семејство се очекува тие својот моден стил да го градат на малку пософистициран начин, за да бидат пример за отменост кој и другите ќе го применуваат. Затоа, нивниот избор на облека не смее да испраќа двосмислени пораки. Нивната облека мора да биде класична, скромна и со доза на префинетост.

Подароците мора да ги примаат љубезно

Секој подарок што е за членовите на кралското семејство, тие мора да го примат на најљубезниот можен начин. Кралицата е таа која ги прегледува подароците и потоа одредува кој подарок и кој член на семејството ќе го задржи.

Никој не смее да јаде откако кралицата ќе заврши со оброкот

Секој што вечера со кралицата, вклучувајќи ги и членовите на семејството, мора да се придржуваат до ова правило. Тоа значи дека сите на масата мора да ја имитираат кралицата, па ако таа престане со јадењето, сите мора да го сторат тоа.

Scroll to Top