„Кралу мој ми недостигаш“ – Сопругата на Коби Брајант емотивна на нивната годишнина од брак

Венеса, сопругата на загинатиот кошаркар Коби Брајант, со семејна фотографија и емотивна порака го одбележа денот на кој требаа да слават 19 години во брак.

„Кралу мој, срце мое, мој најдобар пријател. Сè најдобро за нашата 19-годишница од бракот. Многу ми недостигаш. Би сакала да си овде и да ме држиш за рака. Те сакам“, напиша Венеса.

Легендарниот кошаркар загина во хеликоптерска несреќа во јануари. Во несреќата почина и неговата ќерка Џиана и уште седум лица.

https://www.instagram.com/p/B_ITucyDzf2/

Scroll to Top