Крис Рок собра 100.000 лајка на првата фотографија што ја објави по шлаканицата од Вил Смит на Оскарите

Комичарот Крис Рок собра повеќе од 100.000 лајкови на првата фотографија која ја објави ја „Инстаграм“ по скандалот на 93 Оскари, на кои Вил Смит му удри шлаканица.

Инцидентот настана откако Рок кажа неумесна шега на сметка на неговата сопруга Џејд Пикнет Смит и нејзината избричена глава. Тој ја спореди со Деми Мур, која исто така беше со избричена глава во филмот „Џи-ај Џејн“.

„Со тебе сме. Се надеваме дека си добар. Веројатно сега нема да навредиш нечија жена. Очекуваме од тебе наскоро шоу толку добро како шамарот на Оскарите“, му напишаа тие на неговата фотографија на која тој ја промовираше својата светска турнеја под името Ego Death.

Рок ги најави своите три последователни настапи во Париз. Тој на своите претходни настапи рече дека бил добар и дека нема да зборува за инцидентот сè додека не биде добро платен.

„Животот е добар. Ми се врати слухот“, им рече Рок на фановите.

За потсетување, Филмската академија го казни Вил Смит за инцидентот и нема да му дозволи во наредните 10 години тој да биде дел од Оскарите.

Scroll to Top