Кристијано Роналдо заминува во пензија?

Фудбалерот на италијанскиот фудбалски шампион Кристијано Роналдо изјавил дека не е сигурен кога ќе ја заврши фудбалската кариера и дополни дека многу веројатно е тоа да се случи веќе следната година.

„Не размислувам за крај на кариерата. Веројатно ќе ја завршам следнатата година, но сè може да се случи. Можам да играм и до 40 или 41 година. Навистина не знам што може да се случи“, изјавил Роналдо.

Португалецот досега освои пет „Златни топки“, рекордер е по освоените титули во Лига на шампиони (четири со Реал Мадрид, една со Манчестер јунајтед), три пати беше шампион на Премиер лигата, два пати шампион на Шпанија во „Ла Лига“. Роналдо вели дека сите овие награди го мотивираат и понатаму да руши нови рекорди.

„Постои ли фудбалер со повеќе рекорди од мене? Мислам дека ниту еден фудбалер нема толку рекорди колку што имам направено јас“, вели Роналдо.

Португалецот минатото лето стигна во Торино од Реал Мадрид, а во првата сезона во дресот на „старата дама“, одигра 43 натпревари во сите натпреварувања, постигнал 23 гола, а ја освои и титулата во „Серија А“.

 

Scroll to Top