Kрвта на Том Хенкс и Рита Вилсон ќе се користи за развивање на вакцина против Ковид-19

Медицински истражувачи ќе користат примероци од крвта на холивудскиот актер Том Хенкс и неговата сопруга Рита Вилсон во обид да се направи ефикасна вакцина протов коронавирусот, објавија светските таблоиди.

Брачната двојка беше меѓу првите селебрити-личности кои објавија дека се позитивни на Ковид-19, вирус што го напаѓа респираторниот систем и може да биде фатален. Тие се разболеа во Австралија каде што Том Хенкс снимаше нов филм-биографија за Елвис Присли.

Откако излегоа во јавноста со својата дијагноза тие постојано ги известуваа фановите за нивната состојба додека беа во изолација. Двајцата целосно закрепнаа и потоа им беше дозволено да се вратат во нивниот дом во Лос Анџелес.

Откако се вратија во САД, Том (63) и Рита (63) се пријавија во медицинско испитивање за да се утврди дали нивните антитела ќе бидат корисни за научниците кои работат на развивање на вакцина.

Славниот актер неодамна откри дека им било одобрено да донираат крв бидејќи тие наводно „ги носат антителата“, пренесува „Варајати“.

Том се надева дека неговата и крвта на сопругата ќе се покажат корисни во борбата против коронавирусот и се пошегува дека ќе биде одговорен за создавање „Хенк-цина“.

„Ние им рековме, дали ја сакате нашата крв? Можеме ли да дадеме плазма? И, всушност, ќе им дадеме на сите научници кои ќе работат на тоа што би сакал да го наречам Хенк-цина,“ рече актерот.

Scroll to Top