Кучињата на Елтон Џон пред една година ја изгризале седумгодишната Шарлот, другарка на неговите синови. Девојчето си играло со момчињата во куќата на Џон. Во еден момент таа тргнала да погали еден од петте кокер-шпаниели на пејачот, но кучето ја нападнало и ја изгризало по носот и во близина на очите. На помош дотрчал готвачот, кој спречил поголема трагедија.
„Не знам кое од кучињата ја нападнало Шарлот. Не ја грицнал малку, туку ја изгризал убаво по лицето. Дадилката што ги чувала на момент ја испуштила од вид и се случила несреќата. Ни Елтон, ни неговиот сопруг никогаш не се јавија да прашаат како е ќерка ми. Не е важно дали се популарни или не, во прашање е одговорно однесување на возрасен човек“, рекла мајката Мери Киран за британскиот „Сан“.
Таа додала дека молчела цела година, ама дека решила да проговори токму поради нивното неодговорно однесување.
„Да направеше нешто такво мојот миленик би била преплашена и би отишла да видам како е детето“, рекла таа.
Мери изјавила дека нема намера да ги тужи, ама дека со ова сака да ги предупреди другите родители чии деца се дружат со децата на Елтон.
Пејачот ги демантира обвинувањата на мајката. Тој рекол дека неговото куче само го грицнало девојчето и дека никој никогаш не се пожалил на нивното однесување.