Лана дел Реј има нова песна посветена на нападите во САД

Лана дел Реј ја промовираше новата песна Looking for America, која е одговор на нападите со огнено оружје што минатиот викенд се случија во САД.

„Не сум политичарка, не се обидувам да бидам и се извинувам што имам свое мислење, но заради сите напади деновиве и оние изминатиов период што влијаеја на мене, ја објавувам оваа песна… Се надевам дека ќе ви се допадне“, напиша пејачката на „Инстаграм“ каде што и го објави видеото со новата песна.

Во песната таа вели дека сѐ уште трага по „својата Америка – онаа во која нема пиштоли и знамињата слободно се вејат… Онаа во којашто наместо бомби, има само огномет, ти и јас“, пее таа.

За потсетување, минатиот викенд во САД се случија два напада со огнено оружје во коишто загина 31 лице.

Scroll to Top