Легендарниот британски комичар Саша Барон Коен се враќа во улогата на Али Џи

Легендарниот британски комичар Саша Барон Коен (51) се враќа во улогата на Али Џи, со која се прослави во 90-тите. Комичарот подготвува турнеја која вклучува враќање на иконскиот лик на „Канал 4“, кој првпат се појави во 1998 година, пренесе Variety.

Промоцијата на филмот беше одложена поради штрајкот на глумците во САД кои бараат подобри услови и плати, но истата се очекува да се случи наскоро.

„Како член на SAG и WGA, Барон го поддржува тековниот штрајк заедно со колегите писатели и актери“, рече извор за Variety.

Барон Коен првпат се појави во улогата на Али Џи во 1998 година во серијата „Шоуто во 11 часот“, која се емитуваше на британската мрежа „Канал 4“. Во неговите скечеви, Џи правеше смешни интервјуа со јавни фаци. Годинава ќе прослави 25 годишнина.

Во раните 2000-ти, ја креираше серијата „Да Али Џи Шоу“ во која ги претстави двата лажни новинари, Борат, казахстанскиот репортер на кој Западот му е непозната територија и австрискиот моден дизајнер Бруно.

Scroll to Top