Светската ѕвезда Лејди Гага откри дека ја снимила и последната сцена од филмот „Куѓата на Гучи“, на кој работеше повеќе од два месеца во Италија. Таа објави слика на „Инстаграм“ со режисерот Ридли Скот и напиша „Ова е крај, Рид“.
35-годишната Гага во филмот ја глуми Патриција Реџани, позната како „црната вдовица“, откако го нарачала убиството на нејзиниот маж, Маврицио Гучи. Улогата на Маврицио, човекот кој ја основаше и водеше модната куќа „Гучи“ ја игра Адам Драјвер. Во филмот се појавуваат и Џаред Лето, Ал Пачино, Џереми Ајронс и дуги.
За сега не се знае кога ќе биде закажана премиерата на филмот, но не се очекува пред средината на 2022 година.
View this post on Instagram