Поп-пејачката Лејди Гага ja раскинала веридбата со Кристијан Карин, вели извор близок до двојката за магазинот „Пипл“. Изворот вели дека пејачката имала проблем со односот на Кристијан кој го имал кон неа и дека најдобро во овој случај е да се разделат.
„Гага често се жалеше поради начинот на кој ја третираше Кристијан. Во такви случаи најдобро е да ја раскинете врската“, му открила пејачката на близок пријател.
Гага и Кристијан врската ја започнаа во февруари 2017 година, а во октомври минатата година, на доделувањето на наградите Women in Hollywod за магазинот „Ел“, двојката откри дека се верила.
Гласините за прекин на веридбата почнале да кружат на доделувањето на „Греми“ наградите, кога Гага се појавила без Кристијан и без вереничкиот прстен. Многу странски медиуми со недели пишуваа за емоциите кои Лејди Гага ги имала кон актерот Бредли Купер, со кого работела на филмот A Star Is Born.
Бредли Купер е во рска со руската манекенка Ирина Шајк, со која ја има ќерката Леа Де Сена.