Леонардо ди Каприо донира 100 милиони долари за борба со климатските промени

Фондацијата на светската филмска ѕвезда Леонардо ди Каприо, донираше 100 милиони долари за помош во борбата против климатските промени. Глумецот ја оформи фондацијата 1998 година за да ја промовира свесноста за околината, за проблемите со кои се соочуваме, а секоја година организира неколку настани за да собере пари што ги донира на разни организации.

Во последните две децении Ди Каприо поддржа повеќе од 200 проекти кои имаат различни цели, на пример помош да се заштити дивиот свет од изумирање, обнова на балансот кој го нарушува екосистемот, зачувување на океаните, климатските промени и слично.

На неговите донаторски вечери често присуствуваат светски ѕвезди и бизнисмени, па на последната гала вечер кога прославуваше 20-годишнина од работата на фондацијата, присуствуваа Арнолд Шварценегер, Мадона и Елен де Џенерс.

Scroll to Top