Лиам Галагер падна од хеликоптер, па на Твитер објави слика од повреденото лице

Поранешниот пејач на британската рок-група „Оазис“, Лијам Галагер, на Твитер напиша дека паднал од хеликоптер и си го повредил лицето. Тој откри дека паднал по настапот на фестивалот на островот Вајт.

Галагер се спореди со Кит Мун, покојниот тапанар на групата „Ху“, кој беше познат по своето диво однесување. Откако кажа дека е добар, се пошегува дека фотографија од неговото лице со модринки треба да биде на насловната на неговиот следен соло албум.

„Видете го ова, паднав од хеликоптер синоќа, не може сè да помине глатко. Kој вели дека рокенролот е мртов. Кит Мун, изеди ја кожената обвивка од тапанот“, напиша Лиам.

На прашањето на еден од неговите фанови од која висина паднал, на шега одговори дека бил на околу 30.000 метри.

Инаку, наскоро ќе се одржи премиерата на документарниот фил Oasis Knebworth 1996, со кој бендот ќе прослави 25 години откако одржа два концерта во паркот Кнебворт.

Scroll to Top