Колекцијата љубовни писма кои Леонард Коен ѝ ги пишувал на Мериан Илен се продадени на аукција за 876.000 долари, пренесе „Би-би-си“.Писмото за кое се очекувало да биде продадено за 10 илјади долари, достигнало цена од 56.250 долари.
Илен, која Коен ја запознал во 1960-тите години, била инспирација за многу песни, како Bird on a Wire, So Long Marianne и Hey, That’s No Way To Say Goodbye. Откако раскинале, Коен и Илен останале пријатели, а починаа со разлика од еден месец во 2016 година. Повеќето песни, кои ги продаде семејството на Илен, се напишани меѓу 1960 и 1979 година.
Многу предмети од архивата на Коен се продадени по цена повисока за пет пати од очекуваната, откри компанијата „Кристис“, која ја организираше аукцијата.
Главното место на петодневната интернет аукција имаше италијанското бронзено ѕвоно кое висело во куќата на Коен и Илен. Ѕвонело додека живееле на островот Хидра. Очекуваната цена за ѕвоното била 12 илјади долари, но тоа е продадено за 81.250 долари.