Луис Фонси сними дует – Наскоро излегува новата песна на пејачот

Новиот сингл и спот на авторот на хитот ова лето „Деспасито“, Луис Фонси и поп супер-ѕвездата Деми Ловато, „Еchame La Culpa“, ќе излезе на 17 ноември, недела дена пред концерт на латино ѕвездата кој ќе се случи во Белград.
Во моментов најпознатиот музичар на светот, Луис Фонси и поп дивата Деми Ловато, ги потврдија сомнежите за нивната меѓусебна соработка.
Поп дивата Деми Ловато неодамна откри дека подготвуваат дует кој ќе излезе пред крајот на годината, а навести и дека Фонси не потекнува од агнлиско говорно подрачје.
Новиот песна и спот ќе излезе на 17 ноември, недела дена пред концертот на Фонси, кој треба да се случи во Белград! Порториканскиот пејач веќе има соработувано со големи поп ѕвезди, меѓу кои и Кристина Агилера, со која сними дует и Бритни Спирс, со која ја делеше бината на нејзината американска и мексиканска турнеја.Луис Фонси ќе настапи во Штарк Арената на 24 ноември во рамките на својата „Love+Dance“ турнеја.

 

Scroll to Top