Лук Бесон ослободен од обвинението за силувањe

Француското обвинителство го ослободи режисерот Лук Бесон од обвинението за силување, откако поранешната девојка го пријави за сексуална злоупотреба. Против режисерот се води уште една истрага за сексуално вознемирување за што го пријави жена чиј идентитет не е познат, пишува „Гардијан“.

Истрагата утврдила дека Бесон не е виновен за сексуална злоупотреба за што го обвини актерката Сенд ван Рој. Таа тврдеше дека режисерот во текот на нивната врска повеќе пати ја силувал. Таа е само една од деветте жени што го обвинија Бесон за сексуална злоупотреба и вознемирување.

Неговите адвокати соопштија дека истрагата е завршена, а самиот Бесон секогаш негираше дека е виновен по обвиненијата.

Scroll to Top