Лук Пери имаше мозочен удар

Холивудскиот глумец Лук Пери бил итно пренесен во болница откако доживеал мозочен удар, пренесува „Ти-ем-зи“. Лекарите за сега не даваат информации каква му е здравствената состојба, освен дека постојано ги следат промените кај глумецот.

Пери се прослави со улогата на Дилан во тинејџерската хит-серија „Беверли Хилс“. Веста за мозочниот удар дојде во ист ден кога продуцентите на филмското студио „Фокс“ објавија дека ќе се снимаат нови шест епизоди од серијата со оригиналните глумци. Пери не беше еден од оние што прифатија да глумат во новиот „Беверли“, заедно со Шенон Доерти, која ја глумеше Бренда.

Тој во моментов игра во популарната серија „Ривердејл“.

(Видео) Летово ќе се прикажува нов „Беверли Хилс“ со оригиналните глумци

Scroll to Top