Мадона се бакнува со 35 години помлад боксер и објави дека се во врска

Мадона објави ново селфи со 35 години нејзиниот помлад тренер и боксер Џош Попер. Двајцата објавија дека се во врска, откако веќе некое време заедно го минуваат времето во вежбална во Њујорк.

Првпат биле видени заедно на 12 февруари, кога Попер сподели на „Инстаграм“ нивна фоотграфија од еден од неговите мечеви. Мадона наводно навивала за него од претходно, а на Инстаграм сподели и неколку фотографии од прославата на Пурим во чест на еврејскиот празник.

Извори блиски до нив рекоа дека Мадона и Џош се зближиле откако станал тренер по бокс на нејзиниот син. Според неговата биографија на „Инстаграм“ Џош е бишви НФЛ спортист од Њурјок и основач на Bredwinners боксерска вежбална на Менхетен.

За потсетување, Мадона неодамна ја прекина врската со Ендру Дарнел, пет месеци откако првпат беа видени заедно на концерт. Пејачката беше и со еден од нејзините пратечки танчери Ахламалик Вилиамсон. Двајцата беа во врска три години а прекинаа во 2022 година.

 

Scroll to Top