Мадона ширела лажни инфорации за Ковид-19

Профилот на Мадона на „Инстаграм“ е означен како профил што шири лажни информации за коронавируст. „Инстаграм“ ја цензурира поп-ѕвездата кога таа за своите 15 милиони следачи сподели видео со наводна теорија на заговор за коронавирусот.

Во објавата, која сега е избришана, пејачката вели дека вакцината против Ковид-19 е пронајдена, но дека се крие за да им се овозможи на богатите дополнително да се збогатат, а сиромашните да се разболуваат.

Мадона сподели и видео со д-р Стела Имануел, докторка од Хјустон, која тврди дека успешно излекувала 350 пациенти со коронавирус. „Лекот е пронајден и докажан и е достапен со месеци, а тоа е антималаричниот ‘хидроксихлорокин’“.

Мадона покрај видеото напишала: „Тие попрво ќе ги остават богатите да се богатат, а сиромашните и болните да се разболат. Оваа жена е мојот херој – благодарам Стела Имануел“.

„Инстаграм“ го замагли видеото и додаде опис: „Лажни информации“. Исто така, со линк ги насочи корисниците кон информативна веб-страница која целосно ги негира тврдењата на Имануел. Видеото подоцна беше избришано од инстаграм-прифилот на Мадона, но нејзините фанови претходно веќе протестираа поради нејзината одлука да сподели ваква објава.

Меѓу нив беше и поп-sвездата Ени Ленокс.

„Ова е крајно лудило!!! Не можам да верувам дека ја поддржуваш оваа опасна теорија на заговор. Се надевам дека твојот профил е хакиран и дека ти ќе го објасниш напишаното“, вели Ленокс.

Scroll to Top