Магазинот Тајм ги избра британскиот принц Хари и Меган Маркл за едни од 100. највлијателни луѓе на светот за 2021 година. Меган и Хари, кои лани ги напуштија кралските должности и се преселија во Калифорнија, се на една од седумте насловни страници на магазинот.
На листата се и пејачката Били Ајлиш, глумицата Кејт Винслет, олимписката гимнастичарка Симон Билс.
Introducing the 2021 #TIME100 featuring the 100 most influential people of the year https://t.co/NEApPrOrN0
— TIME (@TIME) September 15, 2021
Главниот уредник на списанието „Тајм“, Едвард Фелсентал, вели дека на листата на 100 највлијателни има „извонредни лидери од целиот свет кои работат на изградба на подобра иднина“.
На оваа листа има 54 жени. Меѓу стоте највлијателни се и политичари како американскиот претседател Џо Бајден, американската потпретседателка Камала Харис и поранешниот американски претседател Доналд Трамп.
Специјалното издание на „Тајм“ ќе излезе во продажба во петок.