Мајк Тајсон ги негира приказните за Мајкл Џексон дека злоставувал деца

Мајк Тајсон застана во одбрана на Мајкл Џексон и го осуди документарецот „Напуштајќи го Неверленд“ во кој Вејд Робсон и Џејмс Сејвчук  јавно зборуваа за тоа дека пејачот ги силувал додека биле деца.

Тајсон вели дека двајцата со нивните родители лажат за наводното силување и дека целата оваа драма ја прават заради пари.

„Ова што сега го правите е погрешно, излегувате во јавност и зборувате за вакви работи. Се зборува и дека им снемува пари на овие луѓе“, вели Тајсон кој во минатото бил близок со Мајкл Џексон.

Двајцата голем дел од времето го минале заедно во вилата во која е снимен спорниот филм, па Тајсон вели дека со сигурност може да каже дека Мајкл никогаш не би направил такво нешто.

„Мајкл имаше таква репутација. Имам дете од осум години и никогаш не би му дозволил да се дружи со Мајкл или да оди во неговата куќа. Го сакам Мајкл, но знаете на што мислам“, се обидел сликовито Тајсон да ја потврди невиноста на музичката поп икона.

Американскиот боксер прозборе и за слувањето поради кое во 1992 година доживеа јавна осуда.

„Иста е ситуацијата и за мене кога некои луѓе не дозволуваа нивните ќерки да се дружат со мене откако без во затвор поради силување. Го почитувам тоа, го разбирам. Зезнато е, но разбирам. И јас би го направил истото“, изјавил Мајк.

 

Scroll to Top