Мајката на Бритни Спирс бара од судот таа да се грижи за пејачката

Мајката на поп пејачката Бритни Спирс, Лини Ирен, побарала од судот пристап до медицинската документација на нејзината ќерка, со образложение дека нејзината здравствена состојба е влошена.

Лини вели дека сака да се приклучи во грижата за нејзината ќерка, но нејзиниот сопруг Џејми тоа не го дозволува, велејќи дека била премногу попустлива кон неа. Бритни Спирс од 2007 година не одлучува за својот живот. Тоа го прави нејзиниот татко Џејми, заедно со тим на лекари и адвокати.

Во 2007 година американската пејачка по доживеаниот нервен слом, завршила во болница. Пред три недели Бритни излезе од болница, во која минала месец дена и во која самата се пријавила.

Тогаш изјавила дека не можела да ја прифати болеста на татко ѝ. Поранешниот менаџер на Бритни кој бил со неа додека во 2007 година, кога пејачката ја избричи главата, исто така тврди дека неговата пријателка е под влијание на други луѓе и дека тие ја контролираат против нејзината волја.

Менаџерот смислил и хаштаг Free Britney, со цел да се рашири веста за состојбата на пејачката на интернет. Но, ги негирал наводните дека испраќал пораки во нејзино име.

 

 

 

Scroll to Top