Мајката на Бритни Спирс првпат се огласи: Сè е полно со многу болка, а моите чувства помешани

Според пресудата на судот, пејачката и актерка Бритни Спирс сè уште е под грижа на својот татко Џејми Спирс, кој веќе 13 години одлучува за сè што таа поседува. Нејзината мајка сега зборуваше на оваа тема.

Лин Спирс досега не се огласуваше во медиумите, а сега направи и преседан и наводно шепотејќи му признала на новинар дека нејзините чувства се помешани.

„Моите чувства се помешани за сè, не знам што да мислам. Сè е полно со многу болка и грижа“, рече таа, пишува The New Yorker.

Според странските медиуми, Бритни наводно повикала полиција ноќта пред да сведочи и пријавила злоупотреба во старателството.

Scroll to Top