Мајкл Кејн ја разреши дилемата за сцените во филмот „Инспекшн“

Британскиот актер Мајкл Кејн пред фановите откри дали последната сцена во филмот „Инспекшн“ е јаве или сон. За многумина, крајот, во кој се појавува Леонардо ди Каприо, заедно со своите деца, претставува недоумица.

Лео го глуми главниот јунак Дом Коб, крадец на соништа. Сцените снимени со соништата и реалноста публиката може да ги разликува преку конусот. Тој постојано се врти доколку станува збор за сон. Ако на крајот од секоја сцена прекине да се врти и паѓа на подот, тогаш станува збор за реалност.

Во последната сцена на публиката ѝ е скратена таквата можност. Пред да падне конусот, филмот завршува.

Пред прикажувањето на филмот на фестивалот Film 4 Summer Screen, Мајкл Кејн, кој исто така глуми во филмот, ја појасни ситуацијата.

„Кога го добив сценариото за „Инспекшн“, бев збунет. Го прашав режисерот Нолан дека не разбирам кои од сцените што ги снимаме се јаве, а кои сон. Тој ми рече дека кога сум јас во сцената, тоа е реалност. А ако не сум, тогаш е сон“, изјавил 85-годишниот британски актер.

Scroll to Top