Мајкл Медсен заврши во затвор, актерот возел пијан

Холивудскиот актер Мајкл Медсен е уапсен поради возење под дејство на алкохол. Медсен кој возел под дејство на алкохол удрил во столб покрај патот и го уништил својот автомобил марка „Ленд Ровер“.

Полицијата открила 0,10 промили алкохол во неговата крв, а дозволената граница во Калифорнија е 0,08 промили. Актерот веднаш бил уапсен и спроведен во затвор.

Медсен е познат по улогите во големиот број на филмови на Квентин Тарантино.

 

Scroll to Top