Мајкл Мур не го сака Трамп, но му прогнозира нова победа на изборите

Познатиот американски режисер Мајкл Мур, ја предупреди американската јавност, дека претседателот Доналд Трамп е на добар пат да ја повтори победата од 2016 година.

Мур беше еден од ретките политички набљудувачи, кој ја предвиде победата на Трамп над Хилари Клнтон пред четири години, пренесува „Гардијан“.

„Дали сте подготвени за победа на Трамп? Дали ментално сте подготвени Трамп повторно да ве надмудри? Дали ви е утеха безбедноста дека Трамп не може да победи?“, објави Мур на „Фејсбук“.

За потсетување, тој пред четири години ја предвиде победата на Доналд Трамп, иако анкетите ѝ даваа предност на Хилари Клинтон и до 14 проценти. Тој на основа на испитувањето на јавното мислење во Минесота и Мичиген, сватил дека Трамп има предност во однос на Џо Бајден.

„Токму Бајден најави дека ќе посети повеќе држави, но не и Мичиген. Ви звучи ли познато?“, истакна Мур, наведувајќи дека Хилари Клинтон ја повтори истата грешка, избегнувајќи ги поедини држави, кои потоа и понатаму му дадоа поддршка на Трамп.

Тогаш им се обрати и на гласачите, кои ги предупреди 10 недели однапред.

Не оставајте ги демократите да се ослободат од Трамп. Вие морате да се решите од него. Следните 67 дена ќе морате да се будите секој ден и да секој од вас да најде 100 луѓе кои ќе гласаат. Делувајте сега.

Изборот на републиканскиот кандидат Доналд Трамп, ќе биде најголемата грешка во историјата и обичните Американци ќе се чувствуваат добро, изјавил режисерот, претставувајќи го својот нов филм, „Мајкл Мур во Трампленд 2016“.

„Трамп им ги кажува на луѓето, работите кои тие ги болат. Поради тоа секој прегазен, заборавен, безимен пијаница, кој бил дел од таквата таканаречена класа, го сака Доналд“, објаснил тогаш Мур, кој бил заговорник на Берни Сандерс.

Неговото најново предупредување доаѓа кога Трамп на предизборните настани во Њу Хемпшир, изјавил дека го поддржува изборот на првата женска претседателска во САД, но ја препорача својата ќерка пред кандидатката за потпретседателка на Демократската партија, Камала Херис.

„Сите зборуваат дека ја сакаат Иванка“, изјавил Трамп на своите приврзаници. „Не ги обвинувам“, дополнил тој.

Мајкл Мур е познатиот американски режисер и активист. Се прослави со филмовите Bowling for Columbine од 2002 година и Fahrenheit 9/11, како и за терористичките напади во Њујорк на 11 септември 2001 година.

Scroll to Top