Мајли Сајрус е бремена?

Популарната пејачка повторно ги покрена приказните за нејзината бременост, за кои се шпекулираше повеќе од два месеца. Според пишувањата на странските медиуми, пејачката и нејзиниот свршеник, актерот Лијам Хемсворт, наскоро би можеле да станат родители.

Мајли е забележана во Лос Анџелес како купува детска облека, со што веднаш ги поттикна сомнежите за нејзината бременост.

Пејачката наводно престанала со лошите навики, па сега не пие алкохол и целосно се посветила на здравиот живот.

Нејзините фанови пред два месеца ја забележале на аеродром во Нешвил, со свршеникот Лијам, и тврделе дека го забележале нејзиниот труднички стомак.

Мајли тогаш остро ги демантираше ваквите тврдења, велејќи дека се безобрани и дека само се прејала. Мајли и Лијам не се огласија за наводната бременост, а нејзините блиски пријатели велат дека и покрај шпекулациите, таа дефинитивно не е трудна, туку само ужива во шопинг-терапијата со пријателите, пишува „Метро“.

Поранешната ѕвезда на „Дизни“ и актерот се запознаа на снимањето на филмот „Последната песна“, кога ја почнаа својата турбулентна романса. Неколку месеци ја прекинуваа својата врска, а неодамна ја одложија венчавката затоа што Лијам сакал дете, додека Мајли тогаш немала такви планови.

 
Scroll to Top