Мајли Сајрус раскина со дечкото

Пејачката и глумица Мајли Сајрус, по 10 месеци врска, му раскина на музичарот Коди Симпсон. Според „Ти-ем-зи“, тие не се заедно веќе неколку недели, а причините за раскинувањето се непознати.

Мајли и Коди почнаа да се гледаат во октомври 2019 година. Пејачката се разведе од сопругот Лијам Хемсфорт во август 2019 година, а потоа имаше куса врска со Кетрин Картер пред да го запознае Коди.

Тие беа неразделни речиси цело време додека беа во врска. Коди ѝ беше поддршка кога правеше операција на гласните жици лани во ноември, заедно го поминаа карантинот, а ставија и исти тетоважи.

Неколку часа по веста за раскинувањето, Мајли ја промовира новата песна Midnight Sky, а фановите веднаш коментираа дека е напишана за врската со Коди.

Scroll to Top