Манекенката Петра Немцова на 40 години првпат ќе стане мајка

Чешката манекенка Петра Немцова првпат ќе стане мајка на 40 години. Таа на „Инстаграм“ објави слика покрај базен на која се држи за стомакот. „Нашето семејство се шири, а и мојот стомак. Благодарна сум му на универзумот што нè направи толку среќни со овој божествен подарок“, напиша манекенката.

 

Петра на почетокот на август се омажи за бизнисменот Бенџамин Ларече, со кого е во врска една година. Таа неодамна изјави дека конечно ја нашла среќата по големата животна трагедија.

Манекенката во 2004 година го преживеа цунамито во Индонезија, во кое загинаа неколку илјади луѓе. Немцова тогаш беше во Индонезија со тогашниот свршеник, фотографот Симон Атли, кој загина. Петра, пак, преживеа, откако бранот ја исфрлил на дрво, а спасувачите ја нашле по два дена. Манекенката имаше тешки внатрешни повреди и неколку скршени ребра, па учеше повторно да оди и закрепнуваше околу четири месеци.

По трагедијата, таа ја основа фондацијата „Хепи хартс“, која им помага на луѓето ширум светот кои доживеале несреќа по природни непогоди, но гради и училишта и обезбедува засолниште и храна за загрозените. Таа сè уште е активна во областа на хуманитарната работа.

Scroll to Top