Марк Хопус од „Блинк 182“ го победи ракот: Денес е неверојатен ден

Американскиот музичар Марк Хопус, басист и пејач на групата „Блинк 182“ откри дека го победил ракот кој му беше дијагностициран во јуни. Тој имаше лимфома во четврти стадиум и рече дека ќе се бори да ја победи болеста.

„Штотуку си заминав откај мојот онколог, и можам да ви кажам дека веќе немам рак. Им благодарам на Господ и универзумот, на пријателите и семејството и на сите за поддршката, убавите зборови и љубовта. И понатаму ќе мора да одам на прегледи на секои шест месеци, а не верувам дека ќе се вратам во нормала до крајот на годината, но денес е неверојатен ден и јас сум благословен“, напиша тој на Инстаграм.

Кога прво дозна дека има лимфом, Хопус преку видео порака им соопшти на фановите дека е болен и им рече: „Имам уште неколку месеци третман пред мене, но ќе се борам колку што можам и ќе останам позитивен. Едвај чекам да ја победам оваа болест и наскоро повторно да се видиме на концерти. Ве сакам сите“.

 

Scroll to Top