Американскиот музичар Марк Хопус, басист и пејач на групата „Блинк 182“ во видео-порака до фановите откри дека има рак во четврти стадиом и раскажа детали за неговата битка со болеста. Тој објаснил дека неговата дијагноза има врска со крвта, а не со коските.
„Мојата крв се обидува да ме убие“, рекол тој на видеото. „Докторите ми велат дека имам дифузен лимфом на Б-клетки 4-А, што значи дека ракот влезе во четири дела од моето тело. Не знам точно како тие го одредуваат неговиот удел, но тој влезе во доволно делови од моето тело во кои ракот е во четврта фаза, што мислам дека е највисок степен“, додал тој.
Хопус кон крајот на јуни откри дека му е дијагностициран рак, но тогаш рече дека ќе се бори со болеста и ќе остане позитивен без оглед на сè.
„Имам уште неколку месеци третман пред мене, но ќе се борам колку што можам и ќе останам позитивен. Едвај чекам да ја победам оваа болест и наскоро повторно да се видиме на концерти. Ве сакам сите“, напиша тој.