Легендарната глумица Џејн Фонда неодамна во интервју за „Њујорк тајмс“ првпат отворено прозборе за нејзиниот љубовен живот. Таа искрено вели дека Марлон Брандо ја разочарал во кревет, а дека нема да си прости што го одбила Марвин Геј.
Во интервјуто, 82-годишната Фонда раскажува дека била мажена кога го запознала музичарот, па затоа ја одбила неговата понуда.
„Тој сакаше, а јас не. Бев мажена за Том Хајден и не сакав да го изневерам сопругот. Во тоа време имав средби со многу музичари, се обидував да организирам концерти за Том, па жената што ми помагаше во тоа ме запозна со Марвин Геј“, вели Фонда.
Неколку години откако Геј починал, Фонда дознала дека тој чувал нејзина слика на фрижидерот.
„Ми беше чудно, но, бев импресионирана. И не, не ја употреби фразата ‘сексуално заздравување’ од неговата хит-песна за да ме заведе“, додала таа.
Џејн во интервјуто отворено зборува и за кратката врска со Марлон Брандо, со кого глумеше во драмата „Порака“ од 1966 година. Иако важел за голем заводник, за неа тој бил најголемото разочарување во кревет.
„Марлон навистина ме разочара. Но, тој беше одличен глумец и забавувач“, додава таа.
Глумицата раскажа и за бракот со Том Хајден. Тие се венчаа 1973 година и беа во брак 17 години. Од овој брај глумицата го има 47-годишниот син Трој Гарити.
„Ми требаше време да излезам од сенката на мажите со коишто бев. И сопругот и кратките афери секогаш не дефинирале. Требаше да наполнам 60 години за да станам тоа што требаше да бидам цело време. Сега сум посветена на себе, а мажите не се ни во втор план“, рекла таа.