Мбапе му подари дрес на Федерер

By

Швајцарскиот тенисер Рожер Федерер за време на тенискиот турнир „Ролан Гарос“ го запозна еден од најдобрите светски фудбалери, Французинот Килијан Мбапе.

Мбапе вели дека е голем фан на Швајцарецот и ќе навива за него на турнирот во Париз. Во таа пригода  Мбапе доби и дрес од репрезентацијата на Франција, со која напаѓачот на Пари Сен-Жермен стана шампион во 2018 година.

„Драго ми е што те запознав“, напиша Федерер на својот твитер-профил со фотографијата.

Федерер денеска го игра својот меч од 2. коло против Германецот Оскар Оте.

 

Ќе ви се допадне