Ме заглави со „ферарито“, лута викав по него: сопругата на Ибрахимовиќ раскажа како се запознале

Сопругата на еден од најдобрите фудбалери на светот Златан Ибрахимовиќ, Хелена Сегер, не личи на класичните жени на фудбалери кои секојдневно можат да се видат по социјалните мрежи.

Таа вели дека не користи ниту „Фејсбук“, ниту „Инстаграм“. Социјалните мрежи за неа се исфрлени од животот. Хелена е 11 години постара од својот партнер, а е и успешна претприемачка и многумина ја сметаат за заслужна за одличните инвестиции на Ибрахимовиќ, кои го направиле еден од најбогатите спортисти во светот.

Хелена не сака премногу да се експонира во медиумите, не објавува провокативни фотографии на интернет од луксузни дестинации на нејзините патувања. Не се фали со нови скапоцени парчиња облека, торби и слично.

На мечевите на нејзиниот сопруг вели дека доаѓа да навива, а не да биде во центарот на внимание. Кога го запознала Ибрахимовиќ имала 32 години, додека фудбалерот имал 21.

„Имав кариера и богатство и не ми беше потребен фудбалер да ме храни. Бев самостојна жена, а тој не ни беше мој тип на маж. Првпат го видов кога со неговото ‘ферари’ го заглави мојот ‘мерцедес’. Го видов неговиот голем нос и златен часовник на раката. Бев лошо расположена и викав по него. Мислам дека тоа му се допадна“, вели Хелена.

Хелена и Златан се заедно 14 години и имаат два сина. Сопругата на Швеѓанецот не троши премногу време на нејзиниот изглед, признава дека има големи усни и прекратни нозе.

Подобро се чувствува во фармерки отколку во специјално дизајнирани фустани. Не сака шопинзи, нема домашна помошничка, ужива во брзото возење мотор и речиси никогаш не дава интервјуа.

 

 

Scroll to Top