Меган го налути кралското семејство, на мисата прегрна своја познаничка

Војвотката од Сасекс, Меган Маркл, за време на божикната миса во црквата „Света Марија Магдалена“ прегрна едно девојче во толпата народ што се собра пред храмот да го поздрави кралското семејство. Со тоа сопругата на принцот Хари повторно ги прекршила кралските правила, пишуваат британските медиуми.

Членовите на кралското семејство смеат да се ракуваат со обожавателите, но не смеат да ги прегрнуваат и бакнуваат. Меган срдечно се поздравила со својата обожавателка, седумнаесетгодишната Џесика Даниелс.

Се работи за голем фан на војвотката која ја следела уште додека била актерка. Меган ја препознала и веднаш ѝ се доближила за да ја прегрне. Поради тоа покрај кралското семејство, гневни биле и од персоналот за обезбедување кои се грижи за безбедноста на членовите на кралското семејство.

Меган на божиќната миса се појавила облечена во облека од брендот на Викторија Бекам.

Scroll to Top