Меган го загуби судскиот спор за лошиот однос со татко ѝ

Поранешната актерка и војвотка од Сасекс Меган Маркл (38) лани  го тужеше „The Mail on Sunday“ за два текста во печатено и три во онлајн издание поради нејзините писма кои му ги испраќала на својот татко пред свадбата со принцот Хари во мај 2018 година.

Но, го изгуби спорот.

Меган сега мора да плати повеќе од 67.000 фунти за судски трошоци откако ја загуби правната битка со таблоидот. Судијата во мај ги отфрли наводите во тужбата во која Меган тврди дека британските таблоиди го искористуваат нејзиниот лош однос со таткото за време на нивното двегодишно неговорење.

Од друга страна, адвокатот на таблоидот прашува како таа можела да знае дека таблоидите го искористуваат нејзиниот татко и наводно манипулираат со него, ако во тоа време не комуницирале.

Меган истакнала дека смета дека намерно сакале да ја скараат со таткото за дополнително да ја оцрнат во јавноста бидејќи во тоа време не била популарна од повеќе причини.

Според пишувањата на британските медиуми, Меган на 22 јули прифатила да ги плати сите трошоци.

И како сето ова да не е доволно, во август излегува книга која би можела дополнително да ги заостри односите во кралското семејство.

Станува збор за биографија за војводата и војвотката од Сасекс, а авторите на книгата истакнуваат дека од доверливи извори дознаваат дека принцот Хари бил тој кој сакал да ги напушти сите кралски обврски, а не Меган како што многумина зборуваа. Хари наводно бил фрустриран од кралскиот начин на живот и бил главен иницијатор за напуштање на кралските должности и заминување во Америка, ако се суди по новата книга „Finding Freedom“ од авторите Омид Скоби и Каролин Дуранд.

Scroll to Top