Меган и Хари ќе добијат 800.000 евра за првото интервју како некралски пар

Меган Маркл и нејзиниот сопруг Хари ќе добијат 800.000 евра за првото интервју кое ќе го направат како двојка, која повеќе не е дел од кралското семејство.

По напуштањето на кралицата Елизабета, Меган и Хари станаа главна тема во светот во повеќето фирми и телевизиски куќи и многу од нив се борат да добијат ексклузива од нив.

Во јавноста се шират информации дека за едно интервју, двајцата ќе добијат 800.000 евра. Пред неколку месеци се зборуваше дека прва со нив ќе има можност да зборува кралицата на „толк шоута“, Опра Винфри. Но, постои сомнеж дека ексклузивата сепак ќе ја има водителката Елен Дегенерис, со која Меган е и приватно во добри односи.

„Извори блиски до водителката откриваат дека Опра Винфри ја имаше најголемата шанса за интервју, откако Меган и Хари го напуштија кралското семејство“, пренесува „Дејли Мејл.

Scroll to Top