Актерот Џорџ Клуни јавно застана во одбрана на својата пријателка Меган Маркл и малтретирањето на новата војвотка, го спореди со лошото искуство кое го доживеала покојната принцеза Дајана.
„Секаде ја следат, постојано ја прогонуваат и осудуваат. Таа жена е во седмиот месец од бременоста, а кон неа се однесуваат исто како кон Дајана. Неславната историја се повторува, а сите видовме како тоа на крајот заврши со Дајана“, изјавил Клуни, алудирајќи на фаталната сообраќајна несреќа во 1997 година.
Клуни во изјава за медиумите ги негираше гласините дека тој ќе биде кум на новото кралско бебе на Хари и Меган.
„Јас сум татко на близнаци, имам доволно сра*а со кои морам да се носам буквално“, изјавил Клуни.