Меган ќе роди девојче кое ќе го носи името Викторија

By

Со месеци светските медиуми се обидуваат да влезат во трага на името кое ќе биде избрано за детето на принцот Хари и Меган Маркл. Според пишувањата, на врвот на листата на имиња за најновото кралско бебе е Викторија.

Светот ги брои деновите и со нетрпение е во исчекување на раѓањето на првото дете на војвотката која според лекарските прогнози треба да се породи во април.

Британските медиуми пишуваат дека очите на целиот свет се вперени во кралската двојка, а се погласни се гласините околу тоа кое име ќе му го дадат на своето прво дете.

„The Hollywood Gossip“, пишува дека Викторија е веќе името кое го договориле Меган и Хари. Ова име стана сè понагласено откако во јавноста сè повеќе се шпекулираше дека Меган носи девојче.

Особено ваквите гласини се раширија по забавите одржани во Њујорк, на кои кај Меган биле забележани нежни бои како белата и розевата.

Името Викторија го носела и британската кралица која во Велика Британија владеела во периодот од 1837 година до 1876 година.

 

Од Кенсингтонската палата сеуште не се огласиле по повод ова прашање, како ни за тоа кое име ќе го носи идниот кралски член.

 

Ќе ви се допадне