Веќе подолг период британските медиуми пишуваат дека принцовите Вилијам и Хари не се во најдобри односи поради Меган Маркл. Принцот Хари бил разочаран откако открил дека неговиот постар брат не е премногу воодушевен од неговата сопруга.
„На Хари му пречи тоа што неговиот брат не се ни обидува да се потруди да ѝ помогне на неговата сопруга полесно да биде прифатена во кралското семејство“, открива извор близок до Бакингамска палата.
Изворот открива дека тензиите меѓу браќата се влошиле до тој степен што на крајот морал да се вмеша и принцот Чарлс, кој побарал од Вилијам и Кејт да ги поканат Хари и Меган да го минат заедно Божиќ во Норфолк.
„Ситуацијата била толку напната што принцот Чарлс го замолил Вилијам да се потруди да ја прифати Меган“, вели изворот.
Војводата и војвотката од Сасекс минатиот Божиќ го дочекаа во Анмер Хол во Норфолк со Вилијам и Кејт Мидлтон, а потоа се приклучија на кралицата Елизабета и остатокот од семејството на божиќниот ручек во Сандригем.
Истиот извор вели дека Кејт и Меган се целосно различни личности, кои немаат ништо заедничко со Хари и Меган, но од друга страна, поради семејството се трудат да ги надминат сите недоразбирања. Изворот вели дека една од причините поради кои Хари и Меган се одлучиле да се преселат се и меѓусебните недоразбирања.
„Вистина е дека во Кенсингтонската палата едноставно нема место за сите, па Виндзор беше една од опциите за живеење и пред самото венчање“, заклучил изворот.