Меган му се заканува на Хари дека ќе го остави

Меган Маркл му се заканува на нејзиниот сопруг Хари дека ќе го остави, ако не ја послуша и не стави додатоци за коса, пишува Globe. Меган се плаши дека Хари може да ја доживее судбината на неговиот брат и да остане без коса.

Сега веќе поранешниот принц почнал да ќелавее, нешто што не и се допаѓа на Меган. Медиумите пренесуваат дека Меган веќе неколку пати го предупредила. Хари почнал да ја губи косата двојно побрзо откако стапил во брак со Меган.

„Водејќи се според општествените наметнати идеали за убавина, Меган очајнички се плаши дека нејзиниот сопруг може да заврши како неговиот брат, принцот Вилијам“, изјавил извор за Globe.

Некои од фановите кои коментираат по социјалните мрежи го осудија ваквото нејзино однесување, нарекувајќи го страшно и срамно.

 

 

Scroll to Top