Поранешната војвотка Меган Маркл повторно ќе го активира својот лајфстајл блог наречен Tge Tig, пренесува Daily Mail. Меган во 2017 година го деактивираше откако се омажи за тогаш принцот Хари.
Блогот Меган го отвори во 2014 година. Станува збор за нејзиниот личен блог на кој на своите обожаватели им откриваше и споделуваше детали од некои од нејзините најубави работи. Од тоа како се храни, каде патува, која мода ја преферира, политиките, па сè до жените кои ја инспирираат.
Дека Меган повторно ќе почне да биде активна на својот блог, откри експертот за кралското семејство Мика Мајер. Таа објасни дека Меган веројатно сега би можела повторно да отвори и нов инстаграм-профил. Откако со Хари и синот Арчи се пресели во својот роден град Лос Анџелес, таа повеќе не е обврзана на кралските должности.
„Мислам дека ќе направи Goop, како некоја нова верзија на The Tig. Имам пријателка која знае нешто за тоа, се шушка дека и Меган работи на нешто“, изјавила Мајер.
Минатиот септември Меган, преку нејзиниот деловен менаџер Ендру Мејер, ги поднела документите за да може нејзиниот блог да го задржи истото име до 2021 година.
Сопругата на Хари во моментов води битка со британските таблоиди. Таа го тужеше таблоидот Mail of Sunday поради некоректно и непрофесионално известување за неа и принцот Хари.
Меган изјавила дека медиумите го малтретирале и искористувале нејзиниот татко, Томас Маркл, и покрај тоа што таа со него не зборувала повеќе од две години.