Мел Би: Викторија Бекам ќе биде со нас на турнејата

By

Една од членките на популарната британска музичка група од 90.те години, „Спајс Грлс“, Мелани позната како Мел би, изјави дека Викторија Бекам, ќе настапи на еден од концертите кои ќе ги направат за време на турнејата.

dobivaj vesti na viber

Фановите ширум светот ја дочекаа веста со воодушевување, но и со змаерки до сопругата на Дејвид Бекам која на почетокот наводно не сакала да се појави со нејзините колешки на концертот, поради работните обврски.

Модната дизајнерка и некогашна другарка им посака среќа, но инсистирала да не биде дел од турнејата на нејзините колешки.

„Викторија ќе ни се приклучи на Вембли на 14 јуни“, изјавила Мел Би.

Останатите членки на групата, Ема Бантон, Гери Халивел и Мелани Чизом од друга страна сметаат дека Мел Би е премногу оптеретена со Викторија иако се мали шансите за нејзино враќање на сцената.

Популарните спајсици неодамна во своето обраќање пред фановите, го најавија датумот на настапите, но не ја споменаа Викторија.

Турнејата е закажана да почне наредната година, а петчлената екипа ќе настапи веќе на средината на 2019 година, и тоа на шест стадиони во Велика Британија.

Првиот настап ќе го имаат на стадионот на Манчестер „Етихад“, на 1 јуни, а ќе завршат со настап на стадионот во Лондон „Вембли“.

Ако Викторија не се појави, ова ќе биде втор пат како групата се појави во нецелосен состав. Гери Халивел го напушти бендот далечната 1998 година, во пресрет на северноамериканската турнеја.

Таа направи солидна соло кариера, а потоа пред 11 години, се врати на првата турнеја од нивното собирање. Второто враќање на групата беше по повод настапот на затворањето на Олимписките игри во Лондон во 2012 година.

Викторија повеќе пати истакна дека не е некоја посебна пејачка и дека нејзините колешки се минато и дека многу повеќе го сакаат модниот дизајн.

Сепак доколку не настапела со оваа група, тешко дека некогаш би станала светски позната ѕвезда и дека на крај би завршила со Дејвид Бекам, кој тогаш беше еден од најуспешните и најатрактивните фудбалери.

 

Ќе ви се допадне