Меланија Белата куќа ја нарече циркус, а Иванка змија

Меланија Трамп ја нарекла Белата куќа циркус, а Иванка Трамп змија, пишува во биографската книга на писателката Стефани Винстон Волкоф, која во минатото важела за добра пријателка и соработничка на сопругата на Доналд Трамп.

Во истата книга е откриено како Меланија се обидела да ја тргне Иванка од кадарот за време на инаугурацијата на американскиот претседател Доналд Трамп. Стефани вели дека во наредниот период, на виделина ќе излезат уште многу сочни детали за семејството Трамп.

Деталите од бракот меѓу Меланија и Доналд малкумина ги знаат, но многумина сметаат дека во нивната врска не цветаат ружи. Во последно време, првата дама не се ни обидува да го сокрие во своите јавни настапи, незадоволството од овој брак.

Експертите за невербална комуникација од нејзиниот говор на телото, тврдат дека со нивниот брак нешто не е во ред. Тие гледаат целосна незаинтересираност и фрустираност кај Меланија.

Стефани, која важеше за голема пријателка на Меланија, ги знае сите работи за нејзиниот брак и наскоро ќе ги објави сите валкани работи. Многумина сметаат дека Стефани ова го прави за да им му се одмазди на американското претседателско семејство, поради отказот кој го добила.

Во последните неколку денови, во медиумите се пласирани инсерти од книгата, а најмногу прашина подигна оние кои зборуваат за анимозитетот меѓу Меланија и Иванка. Писателката пишува дека првата дама постојано се чудела и ги обезвреднувала идеите на Иванка.

Особено на онаа во која Иванка посакува да стане идната претседателка на САД. Во книгата Меланија користи погрдни зборови, а на инаугурацијата се обидела и да ја тргне од кадарот.

„Меланија со гадење гледала на сите работи кои ги правела Иванка и нејзиниот партнер, а најмногу ја нервира тоа што децата на Трамп, парадирале како да тие се главни. Таа сака мир и ред, а Белата куќа со децата на Трамп во неа, ја спореди со циркус. Иванка ја нарече змија“, наведува Стефани во книгата.

Scroll to Top