Популарниот актер Мет Дејмон за време на гостувањето во радиото „Спин“ откри дека неговата 21-годишна ќерка Алексија е заразена со коронавирусот.
Во моментов се наоѓа во изолација во Ирска, каде требало да снима филм, но пандемијата ги одложи сите негови деловни обврски сè до понатаму.
– Нашата најстара ќерка оди на факултет, кој е затворен поради вирусот. Сепак, таа неодамна беше во Њујорк и таа и нејзините цимери таму се заразиле – рекол Дејмон.
Алексија е најстарата ќерка која Дејмон ја смета за своја и покрај тоа што не е нејзин биолошки татко.
Дејмон со сопругата и мајката на Алексија, Лусијана Баросо имаат три биолошки ќерки, кои се во карантин со нив.
Заразената ќерка не е со нив, нокажал дека сите ќе се сретнат кон крајот овој месец.