Мет Лебланк ја оставил глумата поради болната ќерка

Глумецот Мет Лебланк познат по ликот на Џои Трибијани во хумористичната серија „Пријатели“, откри дека во еден дел од својот живот, тој повеќе не сакал да глуми, откако дознал за тешката болест на неговата ќерка.

Глумецот стана татко на 36 години. Тој со неговата сопруга Миси, во 2004 година, ја добија ќерката Марина Перл. На Мет тешко му падна, кога лекарите и поставиле дијагноза. Тој вели дека имало моменти кога не сакал да излегува надвор, дури ни кога морал да заврши некаква важна работа.

„Ќерка ми имаше проблем со мозокот, еден вид на дисплазија, но за среќа на крајот работите испаднаа добро. Ми беше многу тешко во тој период. Работата во тој момент не ми беше приоритет. Во тие моменти сватив дека семејството е најважната работа во животот и дека сè oстанато е во втор план“, изјавил Мет Лебланк.

 Мет кои денеска го слави 53 роденден, повторно ќе има можност да глуми со неговите пријатели и колеги од хумористичната серија „Пријатели“. Откако во 2004 година завршија со снимањето и емитувањето на десетте сезони, публиката повторно ќе има можност да ги гледа популарните хумористични ликови Фиби, Рос, Џои, Моника, Џендлер и Рејчел на малите екрани..

Scroll to Top