Глумецот Метју Пери и раскина на неговата девојка Моли Хурвиц со која беше две години во врска, пишува In Touch Weekly. Моли беше 21 година помлада од Пери, а странските медиуми пренесуваат дека двајцата од неодамна прекинале да се гледаат.
„Тие останаа во добри односи. Останаа пријатели, но секој одлучи да си замине по својот пат“, пренесуваат таблоидите.
Двојката се запозна пред две години, а првпат беа видени заедно на крајот на 2019 година. Моли му беше голема поддршка на Пери во борбата со зависноста од дрогата и алкохолот.
„Моли и Метју поминуваа голем дел од времето заедно. Таа има чудна смисла за хумор, а тоа му се допадна на Пери. Моли не ја интересираше славата и не сака забави, што исто така му се допадна на Пери“, изјавил извор близок до двојката.
Пери побарал помош за време на снимањето на популарната серија „Пријатели“ и се пријави во клиника за да се ослободи од пороците. Поради тоа, последната сезона од серијата, се појавуваше многу помалку од претходните. За да се реши од зависноста од Vicodin, тој посетуваше специјална програма, која многу му помогна. Килажата постојано ја менуваше, а во еден период, ослабе и имаше само 65 килограми.
Раскинувањето со Моли, Пери сеуште официјално го нема потврдено, затоа што е во изолација од пандемијата со коронаирус. Поради Моли и тој се приклучи на „Инстаграм“ и на своите пријатели им ги откриваше деталите за новата серија на „Пријатели“, која треба да се снима.