Германскиот возач Мик Шумахер следниот месец во Хокенхајм ќе го вози болидот на Ферари со кој неговиот татко во 2004. година го ја освои рекордната седма титула во Формула 1.
Според соопштението на организаторите, Мик за време на викендот 27. и 28. јули на Големата награда на Германија ќе го вози болидот на неговиот татко Ф2004, пред квалификациите во сабота и пред парадата на возачите во пресрет на неделната трка.
Тој се натпреварува во Формула 2 за екипата на Према Рејсинг и е дел од возачката академија на Ферари.
Неговиот татко Михаел Шумахер е рекордер во Формула 1 со седум титули и 91 победа, од кои четири ги оствари во Хокенхајм.
„Ќе биде емотивен момент да го видиме Мик зад воланот на болидот кој носи толку убави спомени. Ф2004 беше фантастичен болид, оствари 15 победи и двете шампионски титули во сезоната, за која може да се каже дека беше кулминација на златниот период“, изјави извршниот директор на Ф1 Рос Брон.