Неодамна актерската брачна двојка Мила Кунис и Ештон Кучер вчудовиде со своите изјави за хигиенските навики, но тие не се единствените познати личности кои баш не се чисти.
Пејачката Лизо неодамна изјави дека престанала да користи дезодоранс и тврди дека поради тоа сега поубаво мирисала.
И Метхју Мекхонахи е една од ѕвездите кои не користат дезодоранс, а на прашањето како би требало еден маж да мириса, тој рече:
„На маж. Не користам дезодоранс веќе 20 години“.
Во оваа група се Камерон Дијаз, Џулија Робертс и Бредли Купер. Но, во однос на тоа што го прави Џенифер Лоренс, некористењето дезодоранс и не делува толку страшно. Актерката кажа дека неколкупати уринирала во мијалник.
„Мочав во мијалникот. Кога две девојки ќе влезат во тоалет, некој мора во мијалникот. Јас тоа всушност го сакам. Една би можела да чека, но ако јас сум таа која чека, ќе го изберам мијалникот“ – вели Лоренс.
Џенифер додаде и дека не ги мие рацете по користење тоалет, но подоцна се правдаше дека тоа било шега со која ги провоцирала колегите.
Иако има вистинска холивудска насмевка, Џесика Симпсон во една пригода откри дека не ги миела забите секојдневно, а причината е чудна.
„Затоа што забите ми се бели и затоа што не сакам да бидат премногу мазни, ги чистам со конец и ги мијам со течност. Но, тоа го правам трипати неделно и притоа немам непријатен здив“.
Пејачката Кеша еднаш изјави дека нејзиниот мирис бил далеку од освежувачки, а познатиот актер Роберт Патисон неодамна призна дека косата не ја миел шест недели затоа што не гледал поента во миењето коса.